Министерот Спасовски по денешната работна средба со раководствата на секторите за внатрешни работи Куманово, Тетово и Регионалниот центар Север имаше изјава за медиумите.
На прашањето да ја искоментира изјавата на Мицкоски кој рече дека ќе го гони додека е жив, Спасовски рече: „Му посакувам долг живот“.
Тој беше прашан и за тоа дали ќе се кандидира за претседател.
-Тоа не се теми за јавност. Тоа се работи за кои кога ќе дојде моментот, ќе биде кажано, рече Спасовски.