Регулаторна денеска ја укинува лиценцата на БЕГ за производство

Регулаторна комисија за енергетика на денешната седница ќе ја разгледува одлуката за престанок на важеноста на лиценцата за вршење енергетска дејност производство на топлинска енергија.

Очекувањата се дека одлуката на денешната седница ќе биде донесена, односно дека ќе се укине лиценцата на БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје за производство на тополинска енергија, и тоа на барање на носителот, односно на БЕГ.

– Друштвото за производство на топлинска енергија ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје на 9 јуни 2022 година до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија поднесе Барање за престанок на лиценца за вршење на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија. Друштвото за производство на топлинска енергија ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје е носител на лиценца за вршење на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија издадена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија со датум на важење до 31.12.2047 година – се наведува во соопштението објавено на веб страната на РКЕ.

Регулаторите појаснуваат дека Друштвото бара престанок на лиценцата „поради невозможност за негово понатамошно нормално функционирање, негова кредитна неспособност и неможност да ги обезбеди потребните финансиски средства за продолжување на работата во новата грејна сезона, како резултат на: загуба остварена во периодот 01.01-30.04.2022 година која драстично ја нарушила ликвидноста на Друштвото и способноста да продолжи да работи во ек на енергетска криза при што Друштвото е со нарушена ликвидност“.

 

Повеќе на  faktor.mk