,,ЛУМИ,, најмоќниот супер компјутер пуштен во употреба

Финските експерти го лансирале “LUMI”, најмоќниот суперкомпјутер во Европа и трет по брзина на светот, кој воедно ќе биде и енергетски ефикасен, јавува “Beta”.

Сместен во стара фабрика за хартија во градот Кајаани, на околу 500 километри северно од Хелсинки, суперкомпјутерот има големина на кошаркарски терен и може да произведе сила еднаква на силата која ја произведуваат два милиони лаптопи.

Сета електрична енергија “LUMI” ќе ја добива од хидроелектрани, а топлотата која ја генерира ќе се користи во мрежата далечинско греење.

“LUMI” ќе биде користен за истражувања во подрачјето на медицината, вештачката интелигенција, климатските промени, обновливи енергии.

Суперкомпјутерот ќе можат да го користат академски истражувачи од целиот свет, а петтина од неговиот капацитет е резервирана за приватни компании.

Од суперкомпјутерот “LUMI” во светот моментално се побрзи само американскиот “Summit” и јапонскиот “Fugaku”.

tocka.mk