Денес попладне и навечер, локално големо невреме во Македонија

0
50

Веќе од западните предели започнати се врнежи од дожд, кои ќе се прошируваат понатаму према централните и источните предели од државава, а сето ова ќе биде проследено и со повремено засилен ветер од јужен правец.

Поради веќе споменатиот силен и ладен Атмосферски фронт од север и од северозапад, денес попладне и навечер на повеќе места ќе има обилни врнежи од дожд, локално ќе биде и нестабилно, особено во централните, како и во источната половина од Македонија и со обилни поројни врнежи од дожд, електрични празнења и силен ветер (над 70 км/час)

Локално овие процеси ќе бидат застапени и во форма на големо невреме со силен град и олуен ветер. Токму поради ова препорачуваме крајна внимателност. Услови за локално невреме ќе има и во Скопскиот регион.

Потоа од денешната ноќ, а особено од утре и од петок, па во деновите потоа следува значително студено време (со пад на температурите дури и за повеќе од 10-15 степени во споредба со сегашните) и со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка, понекаде со висина од 10 до 20 цм, може и повеќе, додека на високите планини таа би можела да биде и многу поголема.

За време на викендот, поради дополнителното заладување, снежната граница би можела да се спушти и на некои места со надморска височина од под 1000 метри, со што врнежи од снег може да се појават и во повисоките населени места и низ Македонија.

За време на оваа голема промена на времето, локално ќе наврне големо количество на водел талот (над 40-50 л/м2), пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

meteoalarm.mk