Во петок, како и за викендот доаѓа стабилизација на времето

0
48

По утрешниот нов влажен воздушен бран кој ќе ни донесе нови врнежи и повторно малку пониски температури, сепак во петок, како и за време на викендот конечно можеме да очекуваме многу постабилно и релативно суво и сончево време, со мала до умерена локална облачност. Сепак и покрај ова би можело да има сосема мали исклучоци каде би се појавиле сосема локализирани и краткотрајни врнежи од дожд (ништо сериозно).

И во Скопје  по утрешните повремени врнежи од дожд, во петок, како и за време на викендот времето ќе биде претежно стабилно, сончево и суво со мала до умерена локална облачност.

За време на овие денови ќе дува  и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите, малку посвежо утро очекуваме во петок кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -2 и 7 степени, додека потоа тие ќе бележат тенденција на пораст.

Максималните дневни температури на воздухот пак повторно ќе бидат во пораст и во петок како и за време на викендот тие ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени, а уште потопло ќе биде во недела кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk