(ВИДЕО) Лекот е во природата – Орангутан забележан како лекува рана со помош на билки

0
53

Машки суматрански орангутан, Ракус, се здобил со рана на лицето под десното око во борба со друг мажјак во Истражувачкиот центар Суак Балимбинг во заштитена прашумска област во Индонезија, пренесе Би-Би-Си.

Она што го направил Ракус неколку дена подоцна го привлече вниманието на научниците, но и на љубителите на природата и животните.

Истражувачите велат дека забележале како мажјакот си ја третира отворената рана на лицето со сок и џвакани листови од растение за кое е познато дека има антивоспалителни и аналгетски својства. Раната, како што се гледа на видеото на овој ЛИНК се затворила и зараснала за еден месец.

Ова е првпат животно во дивината да се види како лекува повреда користејќи некое растение.

„Колку што знаеме, ова е прв документиран случај на диво животно активно да лекува рана со растителен вид со лековити својства“, вели авторката на студијата Каролин Шупли, еволутивен биолог од Институтот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BBC News (@bbcnews)

Истражувачите велат дека самолекувањето на раната на орангутанот не изгледало како случајност.

„Се чинеше дека неговото однесување е намерно. Тој селективно ја третираше раната на десната страна на лицето со растителен сок и не ги третираше другите делови од телото. Однесувањето се повтори неколку пати и не применуваше само сок од растението. Подоцна примени и појак растителен материјал додека раната не беше целосно покриена“, објаснува биологот Изабел Лаумер.

Орангутаните припаѓаат на групата големи човеколики мајмуни, заедно со шимпанзата, горилите и бонобоите. Орангутаните се најмалку блиски со луѓето, но сепак делат приближно 97 проценти од нивната ДНК.

Научниците велат дека таквото однесување можеби потекнува од заеднички предок што го делат луѓето и големите мајмуни.