Гордана Силјаноска Давкова и Стево Пендаровски во втор круг на претседателски избори

0
65

Од Државната изборна комисија (ДИК) ги соопштија резултатите на претседателските избори, по обработени 99,03% од податоците, кои покажуваат предност на кандидатката Гордана Силјановска- Давкова со над 160 илјади гласови пред Стево Пендаровски.

Силјановска- Давкова има 362.682 (40,08%) гласови после 99,03% обработени податоци, додека Стево Пендаровски има 180.306 (19,93%) гласови. Бујар Османи има 120.903 (13,36%) гласови, Арбен Таравари 83.356 (9,21%) гласови, Максим Димитриевски 83.787 (9,26%) гласови, Билјана Ванковска- Цветковска 41.172 (4,55%) и Стевчо Јакимовски 8.103 (0,90%).

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски истакна дека минал мирно, а граѓаните гласале достоинствено.