Петмина скопјани ќе одговраат за убиство во обид

СВР Скопје поднесе кривична пријава против петмина скопјани осомничени за кривичните дела убиство во обид и соизвршителство.

Поднесена е кривична пријава против С.Е.(31) и Х.Е.(49), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид и против И.Е.(28), Б.Е.(24) и Ј.Б.(21), сите од главниот град на државава, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела убиство во обид и соизвршителство“, информираше МВР.

Според наводите на полицијата на 8 март 2024, по претходна расправија со М.А., пријавените физички го нападнале, по што првопријавениот со остар предмет му нанел повеќе убодни рани.