(ФОТО) Со штици се покрива дупката на Градскиот плоштад во Скопје

Големата дупка предизвикана од пропаѓањето на камионот во подната фонтана на плоштадот „Македонија“, конечно, е санирана. Поставени се нови плочки.

За да одговара на амбиентот во околината, односно на дрвените куќарки поставени околу подната фонтана, а и за просторот да биде заштитен, поставена е дрвена подлога, која е иста како и материјалот од кои се изработени куќарките.

Просторот сè уште е заграден со црвени ленти, кои се поставени како предупредување да не се гази на него.

Градските власти сè уште молчат околу новогодишните украсување и декор во централното градско подрачје, но и за тоа дали овие дрвени куќарки се подготвуваат за во нив да се продаваат топли напивки, храна и новогодишни дреболии.

 

vecer.press