(ВИДЕО) Романтичен дует на Калиопи и Жељко Самарџиќ, слушнете ја „Знам“

Поп-ѕвездата Калиопи Букле и српскиот пејач Жељко Самарџиќ по четири децениското пријателство ни подарија дует наречен „Знам“.

Текстот за песната го напиша нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил кој е воедно и композитор на музиката и аранжер, а додека зборувала за создавањето на песната, Калиопи дури и се расплакала, бидејќи како што вели оваа песна буди посебни емоции.

Во интервју за насобраните медиумски екипи, пејачката открила дека оваа песна е посебна, пренесува „Екран“.

„…Оваа песна ме успори малку и тоа навистина ми требаше. И јас во последните неколку години, како и сите ние, доживеав работи кои не натераа да размислуваме за себе и за другите. Да споделиш песна со некого е да споделиш душа“.

Во продолжение слушнете те ги Калиопи и Самарџиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=x4wSpVakc_U&ab_channel=MarijaSerifovic