Капсулата Драгон која го носи тимот на Axiom-3 (Ax-3), вклучувајќи го и првиот турски астронаут Алпер Гезеравџи, се очекува да влезе во атмосферата на Земјата, известува Анадолу.
Мисијата Ax-3 е составена од Мајкл Лопез-Алегрија, кој ги претставува САД и Шпанија, првиот турски астронаут Алпер Гезеравџи, Валтер Виладеи како пилот од Италијанските воздухопловни сили и Маркус Ванд од Шведска, претставник на Европската вселенска агенција.
Екипажот имаше задача да спроведе повеќе од 30 научни експерименти.
Враќањето на тимот на Ax-3 на Земјата беше планирано за 3 февруари, но неколкупати беше одложено поради неповолните временски услови на брегот на Флорида.