(ВИДЕО) Евакуиран хотел во Сплит поради истекување на хлор

0
82

Денеска околу 12:20 часот во просториите на хотелот во Сплит најверојатно имало истекување на хлор во просториите поврзани со базенот.

Едно лице е пренесено за укажување лекарска помош, пишува Далмација данас.

Пожарникарите и полицијата се на терен поради испарување и ширење на мириси. Во тек е евакуација на луѓето од хотелот, соопштија од ПУ Сплит-Далмација.

Медиумите пренесуваат дека станува збор за хотелот Radisson Blu.