Пожарот кај Серта е целосно изгаснат по тринаесет дена борба со огнената стихија, информираше денеска командирот на Територијалната противпожарна единица Неготино, Столе Атанасов.
Тој изрази благодарност до сите кои доброволно придонесуваа во гаснењето на пожарот, како и до сите државни, регионални и локални институции кои беа вклучени во гаснењето на пожарот.
Благодарност упати и до локалното население кое храбро и пожртвувано заедно со нив, помогнало во совладувањето на пожарот.
„Ризиците од голема еколошка катастрофа не беа единствени, секој момент додека траеше акцијата беа загрозени безбедноста и здравјето на секој вклучен поединец, напиша тој, подвлекувајќи дека се успеало, да не настрада со посериозни повреди, ниту еден од вклучените граѓани во акцијата“, вели Атанасов.
slobodnaevropa.mk