360 степени: Конфискуван е целиот „незаконски стекнат“ имот на Мијалков, вели обвинителката Стефанова

0
307

Ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, е во струшкиот затвор (или барем треба да е таму) откако во случајот „Империја“ се спогоди со обвинителството да одлежи три години и да му бидат конфискувани пари и имот во вкупна вредност од 36 милиони евра. Деталната проверка на запленетиот имот што ја направи „360 степени“ откри дека на списокот се и станови под хипотека, како и дел од неизграден хотел, проценет по пазарна вредност, како да е готов. Зошто обвинителството се согласило да конфискува ваков имот, кој ја правел проценката – се дел од прашањата што и ги поставивме на предметната обвинителка Лиле Стефанова.

На почетокот на летните одмори, во првата половина на јули, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција објави дека постигнало спогодба со Сашо Мијалков за предметот „Империја“. Поранешниот шеф на тајната полиција призна вина за злосторничко здружување и противправно стекнување имот и доби релативно ниски три години затвор.

Во исто време, државата му конфискува 6 милиони евра во пари и 30 милиони евра во имот.

„360 степени“ провери и откри дека голем дел од конфискуваниот имот веќе е пренесен во сопственост на државата. Но, меѓу одземеното има имоти под хипотека кај банките, а и деловен простор кој иако не е изграден, бил проценет по пазарна цена. Зошто?

Целото истражување на 360 гледајте го тука