Масовна тепачка во Аеродром – Двајца против четворица, најстариот имал 72 год

0
618

Вистинска драма среде бел ден во населба Аеродром во Скопје. Се степале вкупно, шест лица, двајца од едната страна, наспроти четворица од другата.

„На 11.09.2022 во 15.40 часот било пријавено дека во Скопје на подрачјето на Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.Г.(41), С.Г.(72), Д.К.(34) и Н.С.(45), од една страна, и А.Ј.(35) и А.Ј.(31), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодвeтен поднесок“, информираат од МВР.

извор: МВР