Почнува скринингот од страна на Европската Комисија

0
238

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје амбасадорот Дејвид Гир најави дека денеска Европската комисија ќе почне со длабински објаснувачки скрининг, кој ќе заврши до ноември. Според најавите, преговарачкиот тим на Северна Македонија денеска во Брисел, а утре во Луксембург ќе одржи објаснувачки скрининг со Европската Комисија, прв пат од 2019 година. Во меѓувреме од вчера во работна посета на земјава престојува Работната група на Советот на ЕУ за проширување – КОЕЛА, тело составено од дипломати од сите земји-членки на ЕУ.

 

Радио Слободна Европа