Српската премиерка Ана Брнабиќ пристигна во Лондон во придружба на нејзината девојка Милица, по повод погребот на кралицата Елизабета.
Брнабиќ пред погребот се потпишала во книгата на жалоста, а во таа прилика и таа и нејзиниот партнер се појавиле во црна облека.
Милица носеше црн фустан и шешир, додека Ана црна јакна со црна маичка.
„По повод смртта на кралицата Елизабета Втора, ја потпишав книгата во Ланкастер Хаус. Светот загуби голем лидер, личност која беше олицетворение на традицијата и патриотизмот.
Србија и целиот свет ќе ја паметат како една од најважните личности во модерната историја“, напиша Брнабиќ на социјалните мрежи.
index.hr