1584 Католичките држави во рамките на светото Римско Царство го усвоија грегоријанскиот календар.
1789 По донесувањето на американскиот Устав со кој се утврдија начелата на државното уредување и надлежностите на претседателот, во САД се одржаа првите претседателски избори на кои убедливо победи Џорџ Вашингтон, прочуениот водач на војната за независност.
1898 По конституирањето на првата подморница која се движеше на тркала по морското дно и со додавање на цевка низ која во подморницата влегуваше свеж воздух, американскиот техничар Симон Лејк водеше телефонски разговор од својата подморница со претседателот на општината на градот Балтимор. Тоа значеше почеток на новиот начин на телефонско комуницирање.