11-годишно девојче го победи ракот и заѕвони на ѕвончето во болницата во која се излекува

11-годишната Бела победнички заѕвони на ѕвончето во болницата во којашто се излекува откако персоналот во болницата ја испрати со песна. Видеото споделено онлајн насолзи многу очи и голем број интернет корисници ѝ посакаа долг живот и здравје.

„Остеосарком воин, Бела е најхрабрата суперхероина која постои“ – стои во описот на видеото.

На Бела ѝ била дијагностицирана лошата болест на 10-годишна возраст. Првиот симптом бил силна болка во коленото кој мајка ѝ мислела дека се должи на истегнат мускул или повреден лигамент, бидејќи таа била мажоретка.

За жал, болката била присутна со недели, па семејството решило да ја одведе Бела во болница. На 20 декември 2023 година ѝ бил дијагностициран рак и ѝ било забрането да ја користи ногата, бидејќи постоела голема веројатност од кршење на коската.

По два дена, Бела започнала да прима хемотерапии, а неколку месеци подоцна ѝ била направена операција и ѝ бил ампутиран дел од ногата. Девет месеци подоцна, храбрата хероина ја доби тешката битка и беше дочекана со прегратки од родителите и поголемиот брат..

 

 

femina.mk