(ФОТО) Хобит куќа во Босна и Херцеговина, вистинска атракција за туризам!

Викенд како на филм за сите во потрага по авантура надвор од границите на обичното. Такво е искуството што го нуди актуелната туристичка атракција во Босна и Херцеговина: симпатичната Хобит куќичка, која овој назив го добила претпоставувате, поради тоа што е инспирирана од изгледот на куќичките на хобитите од истоимениот роман и брилијантната трилогија „Хобит”.

Всушност се работи за куќа за престој во склоп на Планинарскиот камп „ Jazavčije rupe” лоциран во Хан Пијесак.

Со својот атрактивен и симпатичен изглед, лоцирана меѓу бујно зеленило, опкружена со прекрасна природа и бројни патеки за пешачење, оваа викенд куќарка станува се попопуларен избор на авантуристите, особено за фановите на „Хобит” и се почесто ја гледаме на објавите на Инстаграм.

На фотографиите објавени на Booking може да се види и ентериерот, во кој изобилува хармоничен амбиент постигнат со комбинација на природни материјали, претежно дрво и камен, но интересно е и тоа што декоративните елементи се со етно мотиви што му даваат поголема автентичност и балкански шмек на целото доживување.

 

grude.com