Претседателот на струшкиот огранок на Алијанса за Албанците Лулзим Насуфи објави фотографии кои сведочат за катастрофалната состојба во која се наоѓа болницата во Струга и потсети на негрижата на раководството на ДУИ кои во изминатите 20 години од разни позиции: министри за здравство, градоначалници, пратеници, директори на болницата и слично, не презеле ништо за оваа здравствена установа.
-Секаде во светот граѓаните бараат помош во болниците, додека кај нас лекарите бараат помош бидејќи не можат да се справат со условите во кои работат. На прв поглед изгледа чудно но, кога ќе се сетиш на партијата која е на власт веќе 20 години и на општата општествена состојба кај нас, сфаќаш дека ни здравството (болниците) не може да се разликуваат од другите области, каде што има тотална деградација во функционирањето на системот, реагира Насуфи.
Струшката болница е изградена пред повеќе од 60 години и е планирана за потребите на 20 до 30 илјади жители.
-Поради зголемувањето на потребите и здравствените услуги, меѓу другото поради зголемувањето на бројот на стружани, објектот остана ист, или малку поинаков, како што се зголемија услугите и персоналот, така се зголемија и типичните смешни бараки околу болницата. Претседателот на ДУИ, од Струга, пред 5-6 години вети дека ќе изградиме нова болница во Струга, а тоа резултираше со нашата позната изрека: НЕ УМРИ КОЊУ ДО ЗЕЛЕНА ТРЕВА, пишува Насифи.
Тој нагласува дека и болницата и здравството се деградирани како и сите други институции со кои раководи владејачката партија, а за тоа го наведува фактот што за 4 години се сменети 5 директори.
-Тоа се знаци дека со болницата раководи политиката, партијата, а не професионалноста. Во меѓувреме во Општата Болница се примени повеќе од 20 лекари, особено за време на изборните кампањи, а иронијата да биде уште поголема денеска се жалиме дека нема лекари и услови на одделенијата, а од друга страна лекарите ни бегаат бидејќи самите лекари и раководниот кадар на Општата Болница се профилирани врз основа на интересите на политичките кланови надвор од болницата, и не врз основа на потребите на граѓаните и болничките одделенија, констатираат од Алијанса за Албанците.
Насуфи додаваат дека многу брзо на виделина ќе излезат резултатите од родените деца за 2022 година во Струга и Охрид, и таму ќе се види разликата, како резултат на партизација и политизација во функција на гласови, дури и во болниците.
-До докторот на Одделот за педијатрија, на мојот пријател, би му дал еден совет, побарај од директорот на Општата болница да ги испрати на специјализација лекарите по Општа медицина кои со години работат во болницата како општи лекари, а дотогаш да се склучат Договорите на дело за продолжување со работа, барем со лекарите кои ги исполнуваат условите за пензионирање но, покажуваат желба и интерес да работат, кога ни требаат, пишува Лулзим Насуфи – Претседател на АА – Огранок на Струга кој се залага за промени, сериозност и освестување.
извор: ФБ Лулзим Насуфи