Највисок јавен долг во однос на својот БДП има Црна Гора, најнизок Косово, а Македонија?

0
296

Од земјите во регионот, највисок јавен долг во однос на својот БДП, има Црна Гора, чиј јавен долг изнесува 83,27 % од БДП, додека најнизок јавен долг има Косово, односно 23,34 % од БДП, објави TRT Balkan.

Јавниот долг е еден од основните макроекономски показатели, кој покажува колку одредена држава е задолжена. Поконкретно, јавниот долг претставува еден вид на јавен приход кој го реализира државата заради постигнување на одредени однапред поставени цели, односно покривање на јавните расходи.

Што е јавен долг?

Тој се дефинира како акумулација на различни облици на заеми, кои ги остварува државата за спроведување на фискалната политика.

Јавниот долг во однос на Бруто-домашниот производ (БДП) е еден од најприфатените начини за оценување на значењето и на големината на долгот на земјата.

Која земја во регионот е најзадолжена?

Во продолжение ТРТ Балкан ви дава приказ на јавниот долг на земјите во регионот според достапните податоци.

Јавен долг во Северна Македонија заклучно со јуни 2022 година, за кога е објавена последна статистика, се искачи на 7,2 милијарди евра и изнесува 55,4% од БДП, според официјалните податоци на Министерството за финансии.

Во однос на процентуалното учество на јавниот долг во БДП, нешто помал јавен долг има Србија во споредба со Северна Македонија. Јавниот долг на Србија на крајот на јуни оваа година изнесуваше 31,3 милијарди евра, што е 53,2 отсто од БДП, објави српското Министерство за финансии.

Според податоците од Народната банката на Албанија во септември годинава, јавниот долг на земјата изнесува 9,89 милијарди евра, или 59,1 отсто од БДП.

Јавниот долг на Косово на крајот на 2021 година изнесувал близу 1,7 милијарди евра, или 23,34 отсто, според податоците од косовското Министерство за финансии. Доколку се спореди со останатите земји од регионот, во поглед на процентуалното учество на јавниот долг во БДП, произлегува дека оваа земја има најнизок јавен долг.

Највисок јавен долг во однос на БДП има Црна Гора. Вкупниот долг на на Црна Гора, без депозити, на крајот од минатата година изнесуваше 4,09 милијарди евра или 83,27 отсто од БДП, наведено е во извештајот на Владата на Црна Гора кој е усвоен во април годинава.

Текстот во целост на: TRT Balkan