Рускиот претседател Владимир Путин синоќа потпиша указ за зајакнување на мерките за заштита на мостот на Крим и енергетската инфраструктура меѓу Крим и Русија.
„Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) сега е одговорна за безбедноста“, се вели во соопштението на Кремљ.
Потегот на Путин уследи по вчерашната експлозија на камион на мостот што ги поврзува Крим и Русија, при што загинаа три лица, а предизвика и делумно уривање на мостот, оштетувајќи важна линија за снабдување.
nezavisen.mk