Путин ги зголемува безбедносните мерки на мостот на Крим

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа потпиша указ за зајакнување на мерките за заштита на мостот на Крим и енергетската инфраструктура меѓу Крим и Русија.

„Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) сега е одговорна за безбедноста“, се вели во соопштението на Кремљ.

Потегот на Путин уследи по вчерашната експлозија на камион на мостот што ги поврзува Крим и Русија, при што загинаа три лица, а предизвика и делумно уривање на мостот, оштетувајќи важна линија за снабдување.

 

nezavisen.mk