Македонец кој живее во Виена му нуди на семејството на Леонид место за спиење, јадење и превоз

Леонид Индов не ја сплоти само Македонија, туку и Македонците кои живеат и работат надвор од нашата земја.

Семејството на момчето кое во моментов се лекува во Виена, Австрија, доби хумана понуда од добродушен Македонец кој живее и работи таму. Марјан Атанасовски на располагање го стави својот дом и автомобил, нудејќи им на најблиските на Лео место за спиење, јадење и превоз.

„За семејството на младото момче Леонид, што се лечи во Виена, им стојам на располагање спиење, јадење и неограничен превоз до болницата каде што се лечи. Со лесно“ – напиша тој на Facebook.

Леонид е во критична состојба поради тешка несреќа што предизвика сериозна повреда на ‘рбетниот мозок. Тој минатиот месец беше транспортиран во Виена со хеликоптер за да продолжи да се лекува, но Фондот одби да ги покрие трошоците.

Македонија уште еднаш ја покажа својата хуманост и се сплоти за Лео, а од Владата и Министерството за здравство изјавија дека ќе помогнат во покривањето на трошоците.

 

zenskimagazin.mk