Северна Кореја истрела две балистички ракети со краток дострел од областа Мунчон во провинцијата Кангвон кон водите кај источниот брег на полуостровот, изјавил началникот на здружениот штаб на Јужна Кореја. Како што објави Си-Ен-ЕН, според јапонскиот државен министер за одбрана Тоширо Ино, проектилите биле лансирани помеѓу 1:47 часот и 1:53 часот по локално време.
Засега нема извештаи за оштетувања на бродови на море, но Министерството за одбрана сè уште ги анализира деталите и истражува каков вид на проектили биле лансирани, вклучително и можноста да се работи за балистички ракети лансирани од подморница, соопштил министерот.
Војската на Јужна Кореја го зајакна надзорот и одржува целосна подготвеност додека тесно соработува со САД, изјавиле началниците на заедничкиот Генералштаб на земјата, пренесе Си-Ен-Ен.
360stepeni.mk