ВМРО ДПМНЕ: СДС да каже што подразбира под барањето за конструктивност, дали тоа што Мицкоски понуди стручна помош, евтини понуди за гас и мазут и мерки за стопанството

0
240

СДС да каже и да појасни што подразбира под барањето за конструктивност ?

Тоа што Мицкоски понуди кадровска и стручна помош за време на кризата, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на соопштението од партијата додаваат:

Тоа што обезбеди понуда за гас, мазут и други енергенси кои се двојно поевтини?

Или тоа што нудиме мерки за поддршка на стопанството, компаниите и зачувување на работни места?

СДС да објасни што подразбира под конструктивност.

Да објасниме што не е конструктивност, тоа што додека народот гладува, Ковачевски доминира со аферата „Броило“ тешка 26 милиони евра.

извор: ВМРО ДПМНЕ