Мицкоски да се откаже од блокадите во време на криза ако сака да покаже вистинска конструктивност
Христијан Мицкоски има можност да покаже вистинска конструктивност во процесот на справување со последиците од економската и енергетската криза.
Се што треба тој да направи е да ги повика неговите пратеници во Собранието да се откажат од блокадите на законите кои се важни за граѓаните, за стопанството и енергетскиот сектор, се вели во Реакција на СДСМ на прес-конференција на Христијан Мицкоски.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата во целост:
Меѓу тие закони се и Законот за заем од 100 милиони евра за непречено функционирање на ЕСМ во време на криза, Законот за нафта и нафтени деривати, но и други педесетина закони важни за граѓаните.
Владата предводена од СДСМ подготви нов пакет мерки вреден 350 милиони евра со кои ќе им се помогне на над 200.000 граѓани од ранливите категории, но и на домашните компании за полесно справување со кризата.
Реализацијата на овој пакет мерки е поврзан со измена на неколку законски решенија, па Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ доколку навистина сакаат да помогнат, нека дадат поддршка за законските измени, за помошта што побрзо да дојде до оние на кој им е најмногу потребна.
Сега не е време за суети и политички надмудрувања, туку за заедничка работа во интерес на граѓаните.
извор: СДСМ