Рама призна: Моравме да шверцуваме вакцини за КОВИД 19 за да спасиме луѓе

Зборувајќи за тешкиот период на пандемијата на коронавирус, албанскиот премиер Еди Рама во интервју за италијанските медиуми изјави дека луѓето се плашат дека ќе умрат. Според него, со оглед на тоа што Албанија останала надвор од европската помош, морало да се изврши операција на шверц на вакцини од Италија, пренесува А2њуз.

„ Денес кажувам нешто што никој не го знае. Јас сум Албанец-Италијанец, (Луиџи) Ди Мајо е Наполитански-Албанец, заедно направивме шверцерска операција. Каков Италијанец или Албанец сте ако секогаш го следите законот?“ изјави Рама.

Навраќајќи се на периодот кога Ковид-19 силно ја погоди Албанија, тој рече дека луѓето се плашат дека ќе умрат како риба без вода.

„ Немавме шанса да направиме вакцини. Го прашав Луиџи, можеш ли да ни дадеш дози барем за лекарите и медицинските сестри? „Фајзер“ имаше многу јасен договор со владите: јас ви ги давам вакцините, но вие не можете да ги дадете на некој друг. Нешто што е сè освен не христијанско. Луиџи рече дека тоа би било многу сериозна работа. Но, ние го направивме тоа со нашите тајни служби: двајца министри шверцуваа стоки еден на друг за да спасат луѓе. Не можевме да ги скриеме вакцините, моравме и да ги дадеме. Адвокатите на „Фајзер“ се закануваа со тужби и сакаа да знаат како сме ги добиле, но ние само рековме – од пријателска земја. Реков дека научивме од Наполитанците дека никогаш не треба да се откажуваш од твоите пријатели пред полиција“, рече Рама.

извор: А2њуз.