More

    (ФОТО) Запалени три контејнера во близина на Бит Пазар

    Во текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле три сада за одлагање отпад лоцирани на булеварот Крсте Мисирков, во близина на Бит Пазар. Опожарените контејнери беа со зафатнина од 3,2 м3 и сите се целосно уништени и неупотребливи.

    Од почетокот на годинава беа опожарени вкупно девет пластични контејнери поставени на јавни површини. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок сите опожарени садови ги замени со нови.

    ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа.

    Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите, информираат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    0.5kmh
    75 %
    Tue
    28 °
    Wed
    28 °
    Thu
    27 °
    Fri
    28 °
    Sat
    19 °
    spot_imgspot_img