ЕУ ги стави во сила најавените остри санкции против Руската централна банка – рубљата падна

0
363

Европската унија ги стави во сила најавените остри санкции против Руската централна банка. Рубљата падна на рекордно ниско ниво, објави DW.

Санкциите на ЕУ против Руската централна банка, кои стапија во сила во текот на ноќта, предвидуваат забрана за трансакции со банката. Освен тоа, замрзнат е и имототна банката со цел да се спречи финансирање на војната на Русија против Украина.

Државниот секретар во Канцлерамтот во Берлин, Јерг Кукис, на Твитер напиша дека сличен чекор ќе преземат и САД.

Според наводи на првиот европски дипломат, Жозеп Борел, ЕУ, заедно со другите земји од Групата 7, ќе замрзне околу половина од финансиските резерви на Руската централна банка. „Ова значително ќе го погоди финансискиот систем на Русија“, изјави Борел вчеравечер (27.02).

Текстот во целост на: DW.