Страшно невреме го погоди Котор

Под напад на грмотевици оваа вечер е и Црна Гора. Силен систем со грмотевици се движеше прво од Јадранското Море.

Бока Которска, со пороен дожд и силни грмежи.

На многу локации наврнаа обилни количества врнежи, заедно со појава на урбани поплави и порои.

Гром и молњи ја осветлија цела Бока Которска во текот на вечерта.

Страшно невреме го зафати и Котор, а како што не информира дописникот, луѓето бегаат, палми се наведнале, а дождот бил со неверојатна сила, кој со силниот ветер траел над еден час.

Во остатокот од вечерта се очекуваат пороен дожд и грмежи низ цела Црна Гора, а погодени ќе бидат Никшиќ, Подгорица и многу други градови во внатрешноста.

 

telegraf.rs