Песната “Во борба, во борба“ во Крушево изведена без строфата за Гоце Делчев и фашистите

-Излеговме ние смели партизани, над нас на Гоце знамето се вее, во гори, во полја и на сите страни, фашистичка крв, насекаде се лее. Овие стихови од песната „во борба“ не се слушнаа во Крушево на годинешното одбележување на Илинден, објави Канал 5.

Прескокнувањето на овој дел од песната од страна на хорот на МОБ, наиде на бројни осуди и предизвика бурни реакции во јавноста.

За прескокната трета строфа од МОБ преку соопштение порачаа дека партитурите кои со години ги поседуваат досега не се променети во ниту една изведба, како ни на последната пред „Македониумот“ за Илинден.

-Од страна на НУ. Национална опера и балет не се извршени интервенции врз нотните кои се чуваат во нашата музичка архива повеќе од 20 години на ист начин како на денот 01.08.2022 год., години наназад на сите каде настапувал Хорот. Велат од опера и балет.

Од министерството за култура, под чија капа е МОБ, велат дека немаат надлежност да постапат во конкретниот случај бидејќи се работи за народно творештво чиј што автор не е познат.

извор: Канал 5.

видео: Канал 5.