Полицијата изнела свештеник на Српската православна црква од продавницата на Лидл во српскиот град Инѓија бидејќи упорно одбивал да ги плати производите што ги избрал за купување, објави денеска локалниот портал Инмедија, пренесе Бета.
— ScepanCar (@ScepanCar) March 30, 2022
Според очевидци, тоа се случило во понеделникот, на 28 март, во вечерните часови, кога свештеникот ги убедувал продавачите да не му наплаќаат за производите што ги земал и да му ги однесат во автомобилот.
Откако персоналот долго време одбивал да го стори тоа, свештеникот седнал на подот и протестирал, а вработените повикале полиција, која го изнела од продавницата.