More

    За колку поскапеа производите во маркетите само за 10 дена!

    Ценометар.мк при проверката на новите цени од страна на сервисот Ценометар.мк забележавме драстичен скок на цените кај следните производи и тоа во рок од само 10 дена од последната проверка.

    Зголемувањето е генерално кај сите производи, но најистакнато е кај следниве категории:

    1. Банана – поскапена за 8-10 денари!
    2. Лимон – поскапен за 5-7 денари!
    3. Јаболка – поскапени за 8 денари!
    4. Домат – поскапен за 14 денаари!
    5. Зелка – поскапена за 4 денари!
    6. Компир – поскапен за 6 денари!
    7. Брашно – поскапено за 4 денари!
    8. Грав – поскапен за 17 денари!
    9. Путер – поскапен за 5 денари!
    10. Ајдамер кашкавал – поскапен за 67 денари!
    11. Гауда кашкавал – поскапена за 29 денари!
    12. Свинска кртина – поскапена за 20-40 денари!

    Поскапувањата се различни по различни маркети, но генералниот тренд е јасен.
    Дали е доволна мерката за замрзнување само на основните производи, или Владата треба генерално да ги замрзне цените на сите производи? Дали луѓето не треба да јадат овошје и зеленчук кој немилосрдно поскапува?
    Со ваков раст на цените, народот нема да може да купува воопшто овошје и зеленчук и неговата прехрана ќе се сведе на леб, ориз и масло, за жал, велат од Ценометер.мк.

    извор: Ценометaр.мк

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    3.6kmh
    0 %
    Wed
    28 °
    Thu
    28 °
    Fri
    29 °
    Sat
    29 °
    Sun
    29 °
    spot_imgspot_img