Снег падна на високите делови на Анталија

Снежни врнежи паднаа на високите делови на Анталија, Туркије, јавува Анадолу.

Со падот на температурата во градот повремено врнеше дожд, а на повисоките места почна да паѓа снег.

Снежни врнежи се забележани на врвот на планината Тахтали, висок 2.365 метри во округот Кемер.

Домашните и странските туристи кои кон врвот се упатија со жичарницата наидоа на врнежи од снег. Посетителите ги овековечија тие моменти со своите мобилни телефони.

 

извор:Анадолија