Трамп и Путин разговараа

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во четвртокот разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина, објави Вашингтон тајмс.

Трамп му се јави на Путин од неговото одморалиште на Флорида и го советуваше да не го интензивира конфликтот со Украина. Според извори на Вашингтон пост кои сакале да останат анонимни, Трамп го потсетил Путин на силното американско воено присуство во Европа.

„Разговорот беше насочен кон постигнување мир во Европа, а Трамп изрази интерес за дополнителни разговори за брзо решение на војната во Украина“, тврдат изворите.

Во текот на кампањата Трамп изјави дека веднаш ќе ја прекине војната во Украина, иако не прецизираше како има намера да го постигне тоа. Тој приватно предложил можност за договор кој ќе и овозможи на Русија да задржи дел од освоената територија, а во разговорот накратко го спомнал и прашањето за териториите, велат изворите.

 

 

index.hr