Новата работна седмица, и тоа во периодот од 11 до 15 Ноември во Македонија, и тоа под влијание на многу постудена воздушна маса од север и од североисток, ќе имаме многу постудено време со потпросечни температури за месец Ноември, а сето ова ќе биде проследено и со слаб до умерен ветер од северен и од севроисточен правец.
Исто така, во текот на новата работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе има и повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен, локално и со умерен интензитет. На планините повремено ќе има врнежи од снег, со што има услови да се формира и првата бела покривка на овие места, иако истата би била релативно мала.
И во Скопскиот регион во текот на новата работна недела ќе биде значително постудено, а во делови од регионот ќе има услови и за повремен дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие во почетокот на седмицата во утринските часови ќе се спуштаат под нулата, а особено во Беровскиот регион тие се очекува да се спуштат до околу -8 степени, а потоа и тоа поради облачноста ќе бидат повисоки. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, додека најстудено преку ден ќе биде во среда, кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 5 до 12 степени.
Гледано подолгорочно, уште постуден бран би можело да не зафати некаде во втората половина на овој месец, и истиот да ги донесе првите снегулки за оваа сезона и во градовите. Сепак, како што кажав ова е долгорочна анализа, и во истата промени се можни, па затоа граѓаните да ги следат нашите секојдневни пократкорочни анализи, кои се многу попрецизни и се со можност за остварување од над 90%, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.