Облеката од филмот „Добар, лош, зол“, шлемот од „Гладијатор“, јакната на Мајкл Џексон на аукција во Лондон

Од пончото што го носеше Клинт Иствуд во „Добар, лош, зол“ до шлемот што го носеше Расел Кроу во „Гладијатор“ и потпишаната верзија на црвената кожна јакна што ја носеше Мајкл Џексон во „Трилер“ до стотиците костими и украси кои оставија белег во светот на музиката и филмот, ќе се најдат на аукција во Лондон, јавува Анадолу.

Пропстор, аукциска куќа лоцирана во Лондон, главниот град на Велика Британија, на продажба стави костими и украси користени во култните сцени на светската кинематографија, како и стотици дела користени во музички спотови, сценски настапи и проби на познати пејачи.

Аукцијата ќе започне на 14 ноември и ќе трае четири дена.

Според извршниот директор на Пропстор, Стивен Лејн, во просторот се наоѓаат повеќе од 1.800 предмети користени во околу 500 филмски и телевизиски продукции и нивните приказни.

Тој наведе дека највпечатлив предмет што ќе биде ставен на продажба е шлемот на пустинските војници користен во филмот „Војна на ѕвездите“.

Истакна дека овој шлем му припаѓал на еден од шесте пустински војници (Sandtroopers) користени во филмот „Војна на ѕвездите: Нова надеж“ од 1977 година.

Лејн рече дека проценетата продажна цена ќе биде меѓу 250.000 и 500.000 фунти.

Итакна дека документирале дека шлемот на пустинските војници, од кој имало многу фалсификати, е оригинална.

На аукцијата ќе се продаваат и предмети од култни филмови од поновата историја. Меѓу нив е и костимот „Гоблин“ што го носеше Вилијам Дефо во филмот „Спајдермен“ од 2002 година.

Освен костимот со потпис на Дефо, на аукцијата ќе се најдат и маска од филмот „Врисок“ и една од куклите Чаки произведени за серијата хорор филмови „Детска игра“.

Уште еден костум кој е добро познат, е сивиот костум што го носи Џејмс Бонд додека се вози на мотоцикл на покривот на Капали Чаршија во Истанбул.

Неговата проценета продажна цена е помеѓу 20.000 и 40.000 фунти.

Моментите во филмот „Гладијатор“, кога римскиот командант Максимус (Расел Кроу), кој почнува да се бори во арените откако станува роб, неволно го симнува шлемот и му се открива на царот Комодус (Хоакин Феникс) се меѓу најпознатите сцени од овој култен филм.

Шлемот користен во таа сцена во филмот на Ридли Скот од 2000 година, исто така, ќе биде на аукцијата на Пропстор со проценета продажна цена од 100.000 до 200.000 фунти.

Уште еден костим што ќе го пречека својот купувач на аукцијата е пончото што го носеше Клинт Иствуд, за чие постоење не се ни знаеше, во филмот „Добар, лош, зол“ од 1966 година.

„Ова пончо не се ни знаеше дека постои. Се сметаше дека е изгубено и дека не може да се дојде до него. Пронајдено е меѓу изнајмената облека во продавница за костими во Рим. Тоа е пончото идентификувано со ликот на Клинт Иствуд. Како што знаете, тоа е важно парче гардероба од филмовите за Дивиот Запад. Ќе се најде на аукцијата со проценета продажна цена од 60.000 до 120.000 фунти Тука е и кошулата што ја носеше Иствуд. Ова дело на Сергиј Леоне е еден од најдобрите филмови за Дивиот Запад на сите времиња. Пронајдена е во работилница во која се произведувале костимите за тој филм. Ја посетивме работилницата во Рим на почетокот на оваа година и ги разгледавме каталозите на филмови“, рече Лејн.

Пропстор продава и предмети и костими од познати филмови од поновата историја. Тука спаѓаат стапчињата користени во серијата филмови за Хари Потер, неедитираната верзија на „Затвореникот од Азкабан“ и мапата на лоповот користена во три филма.

Според Лејн, мапата, која е едно од најважните уметнички дела во декорацијата, ќе го пронајде својот сопственик за проценета цена од 20.000 до 40.000 фунти.

Менаџерот на музичкиот оддел на Пропстор, Марк Хохман, објасни дека во продажба ќе се најдат и реквизити и облека од музичките ѕвезди.

Меѓу предметите кои ќе се најдат во продажба се и оние на „кралот на попот“ Мајкл Џексон. Една од највпечатливите е култната црвена кожна јакна, која беше подготвена за познатиот спот за „Трилер“, но се носеше на пробите.

Јакната, која прво беше продадена како донација за Африка, го има потписот на Џексон и потписите на дизајнерката Дебора Надулман и режисерот Џон Лендис.

Уште една јакна што му припаѓа на кралот на попот е јакната во воен стил украсена со конец од 18-каратно злато. Џексон ја носеше оваа јакна на неговата турнеја низ Блискиот Исток.

Текстот на песната „Beat It“ со сопствениот ракопис на Џексон вреди од 40.000 до 80.000 фунти, а црвената кожна јакна вреди од 150.000 до 300.000 фунти.

Исто така, на аукцијата ќе биде и демото од 1967 година со четири песни на Џими Хендрикс, кои се појавуваат за прв пат по години. Демото, кое се состои од песни кои купувачите ќе ги слушнат за прв пат, ќе го најде својот сопственик за проценета цена од 15.000 до 30.000 фунти.

Според Хохман, предметите што му припаѓаат на бендот Оазис, кој најави дека повторно ќе се обедини 15 години по распадот и следната година ќе тргне на турнеја, се меѓу предметите што добиваат најмногу понуди, особено на интернет.

На аукцијата ќе бидат понудени и текстот за песната „Wonderwall“ напишана од Ноел Галагер, еден од основачите на бендот, и гитарите што му припаѓаат на Галагер.