Ѓорѓиевски: Остануваме на терен сѐ до нормализирање на целата ситуација

Невремето проследено со пороен дожд и град, кое попладнево го погоди Скопје, направи штета на повеќе места низ општина Кисела Вода.

На неколку локации силниот ветар однесе настрешници, гранки, откорна дрвја и делови од покриви и направи проблем во одвивањето на сообраќајот, но со екипите од општината веднаш излеговме на терен и интервенираме за надминување на проблемите.

-Повикани се сите надлежни фирми со кои соработуваме, општинските тимови вршат увид и се реагира брзо, комуницираме и со службите на Градот и со граѓаните кои пријавуваат проблем, со цел штетите што поскоро да се санираат и состојбата да се нормализира. Остануваме на терен сѐ до нормализирање на целата ситуација. Стоиме на располагање доколку граѓаните кои имаат било каква потреба, вели градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

извор: ФБ Орце Ѓорѓиевски