Д-р Софијанова: Мојата плата никогаш не била 300.000 денари

Докторката и директорка на Детската клиника, Аспазија Софијанова демантира дека земала плата од 300.000 денари, објави Локално.мк.

-Во текот на вчерашниот ден после 24 часовно дежурство, после предавање на студенти и одржани вежби, добив барање од новинарот Фуркан Салиу да разговара на тема за децата со Цистична фиброза. Го поканив и разговорот наместо најавената тема се претвори во настанот кој за жал веќе го видовте вчера во кој реагирав бурно на сосема неточни обвинувања кон мене за месечните примања, објави докторката.

Софијанова негира дека земала пари надвор од нејзината работа.

-Работам само на Клиниката за детски болести и јикаде на друго место. Начинот на пресметка на дежурства е утрвден со соодветен правен акт и истиот се почитува до детал.

Клиниката е мојот дом ова го знаете многу добро повеќето од вас, мојата вчерашна реакција беше поттикната од шокираноста на обвинувањата за моите дежурства на одделот за интензивна, за сите тешки случаи со дечиња на интензивна, и сите останати одделенија. На секој утрински репорт стои моето име за секоја посериозна одлука, а одлуките знаете станува збор за живот и здравје на дечиња. Тие се мојот приоритет, јас работам и кога не сум физички присутна достапна сум 24/7 и тоа го имам прифатено како животен стил бидејќи тоа е тоа што го знам најдобро во интерес на сите мои и наши пациенти, стои во Фејсбук објавата на д-р Софијанова, откако вчера беше обвинета од новинарот Фуркан Салиу дека земала повеќе пари за дежурства отколку што и е основицата на плата.

извор: Локално.мк.