Салиу по видеото со Софијанова: Мораме да обезбедиме фер услови за сите лекари, се знае зошто бегаат од оваа држава

0
243

Мораме да обезбедиме фер услови за сите лекари. Се знае зошто бегаат од оваа држава. Јас сум за да се платат директорите по 5000 евра за да нема корупција, ама толку треба да бидат платени и лекарите за да не мора да бегаат од оваа држава, напиша на својот ФБ профил новинарот Фуркан Салиу по видеото кој го објави вчера а се крена голема прашина во државава. Имено тој ја соочи директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова со огромни суми кои таа ги добивала како директорка и доктор.

Според тоа што се слуша на видеото Софијановаа добивала над 5000 евра месечно од клиниката а огромен дел одтоа се надомест за дежурства на кои според Салиу таа не била на работа.

извор: ФБ Фуркан Салиу