Во петок, на 20 септември во Скопје, монасите од Света Гора заедно со игуменот на манастирот Хиландар, преосветениот архимандрит Методиј, ќе донесат копија од иконата на Богородица „Трирачица“, која ќе биде осветена, а потоа ќе се одржи литија низ улиците на главниот град.
Подарокот од манастирот Хиландар пристигнува во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје во 17:00 часот, а во 17:30 часот ќе има вечерна богослужба и празнична литија со иконата низ центарот на Скопје.
„Ние, како редовни гости на манастирот Хиландар на Света Гора, благодарение на нашето братско здружение Мир, хармонија и стабилност, ги повикуваме сите верници заедно да го прославиме овој голем православен чин и да се молиме за здравје, љубов, среќа, мир, слога и единство, се вели во најавата за настанот.
Во сабота во 09:00 часот ќе се одржи Света литургија на Архиепископијата, со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
a1.mk