Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 вели дека доколку ја задржиме инфлацијата на 18,6% ќе сме среќни, но го плаши влегувањето во рецесија на високоразвиени земји.
Ако се задржеме во тие рамки помеѓу 10 и 12% ќе можеме да кажеме дека сме среќни дека сме на тоа ниво. За жал, инфлацијата не се споредува со земјите каде што е над 20%, во соседството и во ЕУ веројатно ова ќе се провлекува дури и првиот квартал следната година, вели вицепремиерот Битиќи.
Тој вели дека тоа што најмногу го загрижува е влегувањето во рецесија на одредени развиени земји.
Сепак, рече Битиќи, приоритет на Владата е да ги задржи работните места, а за тоа мора да покажеме солидарност.
Се надевам дека ќе бидеме во можност фискалниот простор во оваа година ќе биде доволен за да одговориме соодветно со таков пакет, го преговараме и разговараме секојдневно со компаниите и тоа нема да биде мерка само за еден месец туку неколку месеци колку што може да биде, вели Битиќи.
Битиќи вели јавноста треба да разбере што значи помагањето на било која компанија во општеството.
Секое работно место кое што ќе се задржи е дополнителен мотив плус за нас како луѓе кои што седиме на јавни функции да ги носиме одлуките кои се исправни, додаде Битиќи.
фото: Архива