Тринаесетмесечното дете заразено со морбили е пуштено на домашно лекување

0
177
Mother nursing sick child At Home

Тринаесетмесечното дете од Свети Николе, кое е заразено со вирусот морбили, е во добра здравствена состојба и по поминати пет дена на Инфективното одделение, минатиот петок е пуштено на домашно лекување, со препораки за изолација на целото семејство, изјави за МИА раководител на Инфективното одделение при Клиничка болница – Штип, Дијана Шишкова – Гајдарџиска.

Детето на 13-месечна возраст на Инфективното одделение е примено на 27 март, по конзелијарен преглед на одделението за Педијатрија, каде што престојувало еден ден. Имало покачена температура, појава на осип, изолирано во посебна соба, имало знаци и за друго вирусно заболување. Меѓутоа со проширувањето на осипот, со поставеното сомневање дека се работи, дека е можно некое друго исипно заболување, кое е контигиезно и потреба од инфектолошки преглед и изолација на Инфективното одделение, повикан е инфектолог и после прегледот е префрлено на нашето одделение – појасни Шишкова-Гајдарџиска.

Таа посочи дека детето на одделението е префлено со температура, лекувано е со симптоматска терапија и направени се соодветни испитувања во Штип и во Скопје, кои го потврдиле вирусот на морбили.

Комисијата за заразни болести во 13 часот во Скопје ќе заседава на оваа тема и за мерките за заштитата.

извор: МИА