Глувците станаа ноќна мора во Њујорк

Во американскиот град Њујорк граѓаните сѐ почесто пријавуваат глувци кои слободно се шетаат по улиците на метрополата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Американската метропола со околу 9 милиони жители со години има мака со глодачите кои често се преносители на заразни вируси и болести.

Според најновите податоци, бројката на забележување глувци во градот е зголемена за 70 отсто во однос на истиот период пред две години. Пријавени се вкупно 21.500 воочувања на глувци.

Екипата на АА регистрира собирање и движење на глувци по улиците на Њујорк. Забележано е дека овие животни се навикнале на животот во градот и не покажуваат никакви знаци на страв од луѓе.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).