На 21.10.2022 од 17.30 до 18.30 часот во Полициската станица Куманово на службен разговор биле повикани пет малолетници од Куманово, затоа што со група од други малолетници околу 13.00 часот пред средно училиште во Куманово физички ги нападнале Ф.К.(18) и уште едно лице, двајцата од с.Слупчане, липковско, ученици во училиштето. Според пријавеното, при нападот тие употребиле метални и тврди предмети и им нанеле повреди. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
извор: МВР