More

    Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков: Засега сум на безбедно, сe чека можност да ја напуштам Украина

    Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков, кој настапува во украинската фудбалска лига, за тимот на Ворскла од Полтава, изјави дека градот каде што живее не бил цел на напад.

    „Градот Полтава, каде што се наоѓаме, не беше цел на напад. Во овој момент сме безбедни“, вели Зајков во изјавата.

    Тој додава дека од клубот имаат најава за евакуација на странците.

    „Намерата е да се организира превоз со мини бус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментот воздушниот простор е затворен, а нема ниту возови. Ги чекаме инструкциите од клубот“, посочува Зајков во изјава што ја пренесе ФФМ.

    Во градот моментно работат само маркети и многу мал број на ресторани. Доколку има некои нови информации ќе се обидам да пренесам, додава тој.

    Пред два дена, Ѓоко Зајков велеше дека нема место за паника и дека на 27. февруари ќе дебитра за неговиот нов клуб Ворскла Полтава, но тој сега бара начин како да ја напушти Украина. Дефанзивецот пристигна во Украина во јануари од Левски Софија.

    Украина од пет часот утринава е под голем воен напад од руска страна. Според украинските власти, досега загинале 40 војници, десетина цивили и едно момче.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    0.5kmh
    75 %
    Tue
    28 °
    Wed
    28 °
    Thu
    27 °
    Fri
    28 °
    Sat
    19 °
    spot_imgspot_img