Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Во канцеларијата на Народниот правобранител, од денеска на денот на започнувањето на кампањата за избор на Претседател на Република Македонија, па се до 8 мај 2024 година кога ќе се одржи вториот круг од Претседателските избори 2024 година и Парламентарните избори 2024 година, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Сите непрaвилности, како што е наведено во соопштението од канцеларијата на Народниот правобранител, граѓаните ќе можат да ги пријават во текот на предизборниот период како и на денот/деновите на гласањето, 24.4.2024 г. и 08.05.2024 г.

Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или на снимената телефонска порака.

Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи вклучени во изборниот процес и од другите институции кои се должни да им обезбедат заштита и остварување на загарантираните права на граѓаните, се наведува во соопштението.