Христијан Мицкоски е лицемерен и недоследен политичар, кој ги менува ставовите како ќе му текне.
Еднаш е за промена на Уставот и внесување на Бугарите, потоа е категорично против, па повторно ја врти плочата. Беше и против Договорот за добросоедство со Бугарија, па го поткрепи, се вели во соопштението од СДСМ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Христијан Мицкоски ги лажеше граѓаните, создаваше тензии, блокади, измислуваше наводна бугаризација, асимилација доколку почнеме преговори со ЕУ.
Преговорите со ЕУ започнаа, тече скрининг процесот, и не само што нема никаква бугаризација, не само што нема асимилација, туку има македонски јазик во ЕУ и заштитен македонски идентитет.
Последна потврда за ова е договорот Фронтекс кој ќе биде потпишан на чист македонски јазик, без фусноти.
Уставните измени треба да се случат за да продолжи напредокот кон ЕУ се до полноправно членство.
Јасно е дека во државата имаме два концепти, едниот предводен од Ковачевски и коалицијата која е за европска Македонија и која заедно со доминантниот дел од граѓаните сака да ја види државата како дел од ЕУ. Вториот концепт е оној на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се противат на членството во ЕУ и работат на штета на државните и националните интереси.
извор: СДСМ